Одлично „Ел Класико“ – Белингем го врати Реал на шампионскиот престол!

563

Реал Мадрид речиси сигурно е шпански шампион по вечерашниот триумф над Барселона во „Ел Класико“ во 32 коло на Ла Лига. Барса два пати водеше на крајот доживеа пораз и ги сведе шансите за титулата на минимум.
Поведе Барса со гол на Кристенсен по корнерот што го изведе Рафиња. Во 18 минута Винисиус изедначи од пенал. Следуваше спорен момент, кога Јамал шутираше кон голот на Барса, а Лунин одбрани.
Во Шпанија нема гол-технологија па се сведува на проценка на судиите. Овојпат Мануел Лахоз одлучи дека тоа не е погодок иако на снимките се гледа дека голманот на Реал од голот ја вади топката надвор.
Како и да е, во 69 минута 20-годишниот Фермин Лопез се најде на вистинското место и погоди за нова предност на Барселона.
Резултатот го изедначи Лукас Васкез во 73 минута по долга нафрлена топка од Винисиус. Во 91 минута Џуд Белингем ја донесе победата на Реал над големиот ривал.
Реал има 81 бод на чело на табелата, а Барселона е втора и има 11 помалку.

ПретходноСкандал и на „Суперкласико“ – на Ривер прво му го признаа, па му го поништија голот
Следно„Кралски“ пречек за Ѓоковиќ на „Сантијаго Бернабеу“