Двојната гренд слем шампионка објави пензија на 30 години

442

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Гарбиње Мугуруза објави дека се повлекува од тенисот, а тоа го соопшти на конференција во Мадрид. Шпанката последниот меч го одигра на 30 јануари 2023 година, а тогаш беше во серија од шест порази. Потоа се повлече од јавноста, одлучи да посвети на помирен живот, да ужива на егзотични дестинации.
„Време е да се пензионирам на 30 години. Тоа беше долга убава кариера, полна со моменти и анегдоти. Ова е почеток на нова ера за мене. Некој да ми кажеше дека ќе освојам Гренд слем титула и дека ќе бидам прва тенисерка во светот немаше да му поверувам. Направив нешто неверојатно и горда сум на тоа“, изјави Мугуруза.
Шпанката родена во Венецуела освои две гренд слем титули – на Ролан Гарос 2016 и на Вимблдон 2017 година, а покрај тоа играше уште две гренд слем финалиња. Во кариерата освои вкупно 10 титули, а во септември 2017 година беше прва на светот.

ПретходноСпорен момент на „Ел Класико“ – имаше ли гол за Барса?
СледноСкандал и на „Суперкласико“ – на Ривер прво му го признаа, па му го поништија голот