Анчелоти: Не сакам да ги коментирам зборовите на Чави

1804

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по мечот го потенцираше карактерот што тимот го покажа на дербито против Барселона. „Белите“ двапати заостануваа резултатски, но победија со 3:2 и ја зголемија предноста пред Каталонците на 11 бода.

„Се снајдовме во тешка ситуација. Двапати заостанувавме резултатски, но покажавме волја и карактер. На крајот имавме доволно енергија да ја однесеме победата и да испратиме незаборавна недела.

Многу сум горд бидејќи против Манчестер Сити и против Барселона беше исклучително тешко. Ривалот даде се од себе за да ја врати интригата во борбата за титулата. Сега треба да се подготвиме за последниот дел од сезоната. Работиме со голема желба, а ни помага фантастичната атмосфера на „Бернабеу“. Заедно можеме да постигнеме нешто големо“, оптимист е Анчелоти.

Инаку, еден од клучните детали на натпреварот се случи при 1:1 кога судиите оценија дека топката не ја минала гол линијата по ударот на Јамал и на Барселона не и е досуден гол. Чави по мечот рече дека постои снимка која кажува се, само треба да се погледне…Новинарите му го пренесоа ставот на Анчелоти и побараа коментар од него.

„Сега сме многу поблиску до титулата. Остануваат уште натпревари на кои сериозно ќе им пристапиме. Не сакам да ги коментирам зборовите на Чави, секој има право на мислење. Повеќе сакам да зборувам за натпреварот кој беше рамноправен и со шанси за двете екипи. Се уште не сме шампиони, но направивме голем чекор во таа насока“, истакна Италијанецот.

Претходно„Кралски“ пречек за Ѓоковиќ на „Сантијаго Бернабеу“
СледноДончиќ и Далас без решение за Клиперси (ВИДЕО)