Актуелниот македонски шампион, екипата на Баскет кам е освојувач на трофејот на женската Балканска лига. Во големото финале на турнирот во Белград, екипата од Македонска Каменица го победи домаќинот Раднички со (72:59).
Екипата од Македонска Каменица „излезе“ како победник на последниот турнир од ова ново натпреварување во кое свое учество во премиерната сезона, освен македонскиот првак, земаа екипи од Србија, Црна Гора и од БиХ, односно од Република Српска.
Согласно со однапред утврдениот систем за натпреварување, оваа премиерна сезона во Балканската лига беше поделена на неколку турнири, со „домаќинства“ на сите учесници. А согласно со резултатите во претходните три, финалниот турнир во Белград ја детерминираше и најдобрата екипа за оваа натпреварувачка сезона.