Она што веќе го пишавме претходно, денеска доби потврда. Македонскиот првак поради првиот круг на претседателски избори не можеше да го одигра првиот полуфинален меч во рамките на АБА2-лига против Спартак во среда. Полицијата забранува било какви други активности од овој тип, па се бараше решение.
Долго време траеја преговорите меѓу МЗТ Скопје и АБА2-лига за новиот термин. Салата „Јане Сандански“ овој четврток и петок веќе е резервирана одамна, па најбрзиот нов термин беше во сабота.
Мечот меѓу МЗТ Скопје и Спартак е закажан за 27 април, останува само да биде потврдена сатницата. Реваншот се игра на 4. мај.