Рафиња „здиве“ со три гола во победата на Барса против Севиља (ВИДЕО)

57

Во дербито на шпанската Примера вечерва, екипата на Барселона со 1:3 славеше на гостувањето кај Севиља. Овој инаку екстра интересен дуел го одбележа Рафиња кој што за гостите ги постигна трите гола. Напаѓачот одигра симултанка што се вели и е најзаслужен што Барселона и вечерва прописно „изгази“ на терен.

А се требаше да биде поинаку за домаќинот. Кој што погоди во 19. за водство преку Фофана. Барса односно Рафиња навреме израмни во 22. минута.

Само што започна вториот дел, гостите сериозно притиснаа по втор гол што и се оствари. Јамин Јамал со асистенција, а Рафиња со глава реализира за 1:2.

Конечно, во 69. минута бразилецот по трет пат погодува во домашната мрежа што беше и пресудно да се стигне до конечна победа.

ПретходноЛацио со гостински бодови кај Венеција