Новак Ѓоковиќ синоќа беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ каде присуствуваше на победата на Реал Мадрид над Барселона од 3:2.
Најдобриот тенисер на сите времиња беше свечено пречекан од претседателот на клубот Флорентино Перез, а не го криеше ентузијазмот за реновираниот стадион во Мадрид.
Ѓоковиќ зборуваше за тамошните медиуми во клупските простории.
„Сантијаго Бернабеу е најубавиот стадион на светот“, изјави Ѓоковиќ и ги воодушеви навивачите на Реал.
🗣️ Novak Djokovic: “The Santiago Bernabéu is the most beautiful stadium in the world.” pic.twitter.com/Y8FuNcIrLB
— Madrid Xtra (@MadridXtra) April 21, 2024
Покрај него, Перез му врачи дресови на Реал и на поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди, како и на холивудскиот актер Енди Гарсија.