Во календарот на Ф1 наскоро може да се појават уште две трки во Азија.
Како што дознава RacingNews365, првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, наскоро ќе посети две земји кои имаат сериозни аспирации да бидат организатори на Гран При трки.
Во првиот случај, станува збор за потенцијално враќање на ГН на Јужна Кореја во календарот на Ф1, затоа што таму веќе се подготвува проект за нова урбана патека.
Во вториот случај, Доменикали ќе разговара за можноста за одржување на Големата награда на Тајланд. Овде трасатата ќе биде поставена барем делумно по улиците на Бангкок – во стариот град, користејќи го најголемиот дел од авенијата Рачадамноен, една од најпознатите улици во градот.