Шампионот Струмица го возврати ударот и поведе во финалната серија

144

Актуелниот одбојкарски шампион во машка конкуренција, Струмица, ја врати предноста во финалната плеј-оф сербија против освојувачот на Купот на ОФМ, Штип УГД, откако денеска во третиот финален меч ја оствари втората победа. Струмичани одиграа квалитетен меч во кој имаа само еден пад во вториот сет, додека во преостанатите три дојдоа до убедлив триумф и сосема заслужено поведоа со 2:1 во серијата.

СТРУМИЦА – ШТИП УГД      3:1 (25:18, 15:25, 25:17, 25:15)  /  2-1

Одлично издание денеска имаше Хенкс кој средбата ја заврши со 19 поени, а како и на преостанатите два меча ом Хени беше во елемент реализирајќи 16 поени. Кај екипата на Штип УГД најдобар реализатор беше Задмард со 15 поени.

Четвртиот финален меч од плеј-отот е закажан за в четврток во Штип. Ако домашните успеат повторно да ја израмнат серијата, „мајсторката“ која ќе одлучува за новиот шампион ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица.

ПретходноБолоња славеше на „Олимпико“ и зачекори кон ЛШ (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ по петтипат ја доби наградата „Лауреус“ за спортист на годината!