Како што се наближува крајот на сезона се погласни се шпекулациите околу тоа кој клуб на кој тренер ќе смета за наредната сезона. Па така во медиумите деновиве се погласни се шпекулациите дека нема да биде којзнае каква сензација ако Жозе Мурињо после Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, седне на клупата на Ливерпул.
Откако Баерн Минхен не успеа да го наговори Јулиен Нагелсман да се врати, а тој го продолжи договорот со тамошниот ФС како селектор на Германија, денеска Билд излезе со информација дека Јирген Клоп тренер на “баварците“ и не е така луда идеја како што се мислеше.
И на крај, Томас Тухел си заминува од Баерн Минхен, но новиот газда на Манчестер Јунајтед го посакувал токму него за наследник на Ерик Тен Хаг. Познато е дека Тухел на Челзи му ја донесе титулата европски првак во 2021 година.