Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ присуствува на вчерашното „Ел Класико“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кое заврши со победа на Реал Мадрид од 3-2.
Српскиот ас пред натпреварот беше пречекан од првиот човек на клубот Флорентино Перез во просториите на Реал Мадрид.
Реал Мадрид сето ова го објави на својот Инстаграм профил иако немаат практика често да објавуваат овој тип на вести, па и покрај тоа што во текот на кариерата создаваше ривалство со нивниот навивач и сонародник Рафаел Надал, тие му покажуваат огромна почит.
View this post on Instagram