Младинците на Мулти Есенс се новите шампиони на Македонија во конкуренција на ракометари родени 2004 и помлади. На четири кола пред крајот на сезоната, младинците на Мулти Есенс веќе ја обезбедија титулата со последната победа над екипата на Овче Поле со 43:25.
За екипата на Милти Есенс ова беше вкупно нивна 20 победа од 20 одиграни натпревари.
Со 60 освоени бодови на четири кола до крајот на првенството, ракометарите предводени од тренерот Бочкароски имаат 13 бода предност пред екипата на Пролет и 15 бода предност пред екипата на Младост 1977 Богданци со што и математички ја освоија шампионската титула.