Шпекулации или…: Мурињо во Ливерпул, Клоп во Баерн Минхен а Тухел во Јунајтед?!

363

Како што се наближува крајот на сезона се погласни се шпекулациите околу тоа кој клуб на кој тренер ќе смета за наредната сезона. Па така во медиумите деновиве се погласни се шпекулациите дека нема да биде којзнае каква сензација ако Жозе Мурињо после Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, седне на клупата на Ливерпул.

Откако Баерн Минхен не успеа да го наговори Јулиен Нагелсман да се врати, а тој го продолжи договорот со тамошниот ФС како селектор на Германија, денеска Билд излезе со информација дека Јирген Клоп тренер на “баварците“ и не е така луда идеја како што се мислеше.

И на крај, Томас Тухел си заминува од Баерн Минхен, но новиот газда на Манчестер Јунајтед го посакувал токму него за наследник на Ерик Тен Хаг. Познато е дека Тухел на Челзи му ја донесе титулата европски првак во 2021 година.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Ватерполо се играше во Кратово!
СледноКоментар на 28. коло: Тиквеш игра магично, Работнички е во налет, а шампионот повторно има +3!