Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор на позицијата лев бек по заминувањето на Марсело.
Но, тој имаше и многу проблеми со повредите, поради што Реал на таа позиција планира помлад и според многумина поквалитетен фудбалер, Алфонсо Дејвис од Баерн, а тоа е еден од најголемите трансфери што се очекува ова лето.
„Лекип“ денеска пренесува дека Менди е фудбалер кој останува без договор и кој е на мета на три англиски тима и тоа Арсенал, Ливерпул и Њукасл, но најголеми шанси имаат „топчиите“.
Секако дека Њукасл има убедливо најмали шанси, имајќи предвид дека е извесно дека следната сезона нема да ги гледаме во Лигата на шампионите.
Го чекаме развојот на ситуацијата, Баерн му понуди нов договор на Дејвис и тој е далеку од потпис токму поради интересот на Реал Мадрид, кој е подготвен да го однесе од „Алијанц Арена“ за 40 милиони евра, што можеби малку ви звучи, но имајте на ум дека договорот на Канаѓанецот истекува во 2025 година и дека тогаш лесно може да замине во Реал Мадрид бесплатно.