Скандал на трибините во Денвер: Браќата Јокиќ со боксови решаваа проблеми во публиката (ВИДЕО)

660

Браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања синоќа имаа физичка пресметка со гледачите на трибините.

Фановите кои беа сведоци на настанот успеаја да снимат краток клип. На неа Страхиња и Немања се тепаат со неименувано момче, а можете да видите како Страхиња го удира.

Потоа го избркаа ова момче од трибините, а коментарот на видеото што се појави кажува се: „Браќата Јокиќ полудеа“.

Често во минатото браќата Јокиќ знаеја да направат проблеми на трибините. Влегоа во конфликти со публиката, но и со противнички играчи каде што лично сакаа да ја делат правдата.

Ќе видиме што ќе се случи. Поради ударот, Страхиња дефинитивно може да се соочи со правни проблеми бидејќи се работи за физички напад.

Колку и да е Никола НБА ѕвезда, полицијата во Соединетите Американски Држави си ја врши работата и сигурно ќе се најде под истрага.

 

ПретходноДеспотовски: Титулата е резултат на тимската работа, функционалноста на клубот и визијата на долги патеки
СледноВардар без Лемос до крајот на сезоната!