ОФИЦИЈАЛНО: Ѓока на кормилото на Шкупи

1071

Некогашниот тренер на Шкендија, Ернест Ѓока е новиот тренер на Шкупи. По смената на Младен Жиживоиќ, албанскиот стручњак седнува на клупата на тимот од Чаир.
Ѓока ќе го предводи Шкупи на преостанатите пет натпревари од ПМФЛ, како и цела идна сезона со опција соработката да биде продолжена на уште една година.
Ѓока беше дел од Шкендија во периодот од 2019 до 2021 година освојувајќи ја титулата во сезоната 2020/21.

ПретходноДесетгодишен фудбалер од Тетово доби покана да биде дел од кампот на Барселона
СледноУникс слави нова победа, Димитријевиќ со дабл-дабл ефект