Екипата на Уникс забележа победа над Самара во првиот четвртфинален натпревар од ВТБ лигата. Уникс славеше со 83:73 без поголеми проблеми затоа што водеше од стартот па до финишот на мечот.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше дабл-дабл ефект за 36 минути на паркетот. Тој постигна 11 поени и 15 асистенции.
Следниот меѓусебен дуел е на 25 април.