Евролига: Реал и Макаби со победи го започнаа четвртфиналето

105

Кошаркарите на Реал Мадрид и на Макаби Тел Авив забележаа победи на првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Реал славеше на свој терен против Басконија со 90-74. На мечот „кралевите“ постојано имаа предност и го приведоа во своја корист.Најефикасен беше Муса со 16 поени, а кај Басконија, Хауард постигна 15.
Се игра во три добиени, а следниот меч повторно е во Мадрид.
А Макаби направи изненадување со триумф на гости кај Панатинаикос со 91-78. Панатинаикос имаше предност на полувреме, а во последната четвртина Макаби направи подвиг и го сврте резултатот во своја корист (28-17 во тој период).
Најефикасен на мечот беше Лесор од Панатинаикос со 22 поени, а кај Макаби со 18 поени се истакна Колсон.
И вториот меч се игра во Атина, а на третиот Макаби ќе биде домаќин.

ПретходноЅвездениот Ал Хилал елиминиран во полуфиналето на азиската ЛШ
СледноЛука Дончиќ „танцуваше“ во ЛА , Далас направи брејк (ВИДЕО)