Европските гиганти не го сакаат Дубаи во Евролигата

183

Иако пред неколку месеци беше најавувано дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од најдоброто европското кошаркарко натпреварување Евролигата, може да се случи пресврт. Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се противат на идејата Дубаи да се приклучи на елитното натпреварување.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал бил предводник на оние кои се против Дубаи да влезе во Евролигата. На нивна страна наводно биле и Фенербахче и Баерн.
Екипата на Дубаи може да донесе и нарушување на пазарот на играчи, бидејќи може да привлече големи ѕвезди поради тоа што може да понуди многу високи плати.
Во меѓувреме Дубаи ќе игра во АБА лигата, а идејата е идната година да заигра во Еврокупот, а потоа во Евролигата.

ПретходноСрбија без уште една ѕвезда на ЕП 2024
СледноПарчосување – „топчиите“ ја запиша највисоката победа над Челзи во историјата