Објавен разговорот на судиите за спорниот гол на „Ел Класико“: Немаме докази дека топката ја мина гол-линијата

394

Шпанската фудбалска федерација ја објави снимката од разговорот на главниот судија на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона (3:2), Сезар Сото Градо, со судиите од ВАР собата во моментот кога дојде спорната ситуација во 28. минута, кога се уште е отворено прашање дали топката ја мина гол-линијата на голот на Реал (М) и дали Барселона беше оштетена за гол.

По прегледувањето на снимката во ВАР собата судиите одлучија дека топката не ја минала гол-линијата.

Целосниот разговор меѓу судиите течел вака:

ВАР: „Сезар, ајде да провериме, почекај малку, не ја започнувај играта“.

Сото Градо: „Чекам. Не, нема систем за гол технологија. Чекаме ВАР. Можеби тоа беше гол. Не, нема систем за гол-технологија“.

ВАР: „Серхио, застани на точката на допир на топката со ракавиците на Лунин. Почекајте малку бидејќи правиме приказ од 360 степени, бидејќи го немаме аголот што ни треба.

Сото Градо: „Се надеваме. Ние не знаеме”.

ВАР: „Погледот е блокиран од телото на Лунин. Почекајте една секунда. Сè уште бараме докази. 360 степени. Ова не ми одговара, ни ова, ни ова, и ова, понатаму, ни ова не ми одговара…“

Сото Градо: „Не брзаме, ова е многу важна одлука, не брзаме, проверете ги сите камери“.

ВАР: „Немаат повеќе. Дали потврдуваме дека нема повеќе камери?

Сото Градо: „Не брзаме. Подобро да се почека. Мора да почекаме“.

ВАР: „Сезар, ќе го продолжиме натпреварот со удар од аголот, немаме докази дека топката ја мина линијата, па играта продолжува со удар од аголот. Немаме докази дека топката ја минала линијата. Конер“.

Претходно беше објавено дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјавил дека клубот може да бара повторување на натпреварот со Реал доколку се докаже дека судиите погрешно го поништиле голот на Каталонците.

ПретходноЛиверпул ќе извиси: Аморим вчера бил во Лондон, но на преговори со Вест Хем
СледноРомано: Пиоли е минато за Милан, новиот тренер доаѓа од Бетис