ПМФЛ: Во сабота нема прволигашки фудбал, сите мечеви од 29.коло се играат во недела!

1406

Претстојниот викенд сите мечеви од 29.коло во ПМФЛ се играат во недела (28 април) и покрај тоа што веќе во среда (1 мај) се играат средбите од 30.коло во нашата елитна лига.

Тоа значи дека оваа сабота нема да гледаме прволигашки фудбал, сите средби се играат во недела од 16 часот.

Да потсетиме на двојките за ова 29.коло: Брера – Вардар, Воска – Брегалница, Работнички – Македонија ЃП, Струга ТЛ – Силекс, Шкупи – Тиквеш и Шкендија – Гостивар.

Од друга страна сите мечеви од 26.коло во ВМФЛ се играат в сабота со почеток од 16 часот.

ПретходноШкендија повика на едниство: Уште имаме реални шанси за титула
СледноГолемиот Ѓоковиќ го испофали Надал