Србија без уште една ѕвезда на ЕП 2024

1250

Фудбалерот на Севиља и репрезентативец на Србија, Немања Гудељ се повреди за време на натпреварот против Мајорка и ќе отсуствува подолго време. Денешните прегледи покажаа дека се работи за повреда на менискусот, па ќе мора да паузира и е под знак прашалник за претстојното Европско првенство.
За Србија неизвесен е настапот на Александар Митровиќ, кој исто така е повреден и во моментов е на лекување во Белград. И за него големи се шансите да го пропушти евро-шампионатот.

ПретходноСнајдер: Се надевам Јунајтед ќе изгуби во финалето на Купот со 5:0
СледноЕвропските гиганти не го сакаат Дубаи во Евролигата