„Џокерот“ Милик го однесе Јувентус во финалето на Купот на Италија

368

Јувентус допатува во Рим со предност од 2:0 од првиот полуфинален меч од Купот на Италија, а работите за „Старата дама“ не одеа како што треба на реваншот. Лацио поведе со 2:0 по 49 минути и ги врати работите на почеток. Валентин Кастељанос ги постигна двата гола за римјаните на асистенција на Луис Алберто.
Во 81 минута во игра влезе полскиот напаѓач Арек Милик. По само 120 секунди и прв допир со топката постигна гол поставувајќи ги конечните 2:1 кои значеа и пласман на Јувентус во финалето.
А Јувентус во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Аталанта и Фиорентина.

ПретходноПарчосување – „топчиите“ ја запиша највисоката победа над Челзи во историјата
СледноЅвездениот Ал Хилал елиминиран во полуфиналето на азиската ЛШ