Вечерва од 19 часот се игра полуфиналето во Купот на Србија и тоа на “Маракана меѓу Ц. Звезда и Партизан. По се она што се случуваше на последното дерби, во кое “црно-белите“ буквално беа ограбени за два пенали, сега раководството на овој клув се одлучи играчите пред мечот да истрчаат на теренот со специјални маички на кои ќе има контроверзна порака до Фудбалскиот сојуз на Србија:
“Некои луѓе никогаш нема да дознаат колку е убаво да се заспие со мирна душа и чист образ“. ФСС