Слот на клупата на Ливерпул, Аморим во Челзи?!

336

Иако се чини дека се беше готово Рубен Аморим да дојде на „Енфилд“ и да биде наследникот на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, се чини дека од таа работа ништо.

Па така последните вести на оваа тема од Острвот велат дека “Редси“ веќе се договориле со актуелниот стратег на Феенордм, Арне Слот и дека сега останува само клубовите да најдат заеднички договор.

Од друга страна Португалецот, сегашниот тренер на Спортинг Лисабон најверојатно ќе заврши на клупата на Челзи. Тоа значи дека по завршувањето на тековната сезона Маруцио Покетино ќе мора да си ги пакува куферите.

ПретходноПорака до ФСС: Партизан со специјални маички истрчува на “Маракана“!
СледноПотврда на квалитетот: Начевски и Николов ќе судат на ОИ во Париз!