Алегри: Момците можеа да се распаднат, никогаш не е лесно!

130

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по реванш натпреварот од 1/2 финалето во Купот на Италија против Лацио, кој неговиот тим загуби со 1-2, но. поради победата на првиот меч се пласираше во големото финале потенцира дека очекувале дека ќе биде тешко.

„Знаевме дека ќе биде тешко, особено откако примивме гол веднаш по паузата. По првото полувремето, физички се подобривме и имавме добро второ полувреме. Воопшто не беше лесно, бидејќи многу рано имавме негатива, момците можеа да се распаднат. Никогаш не е лесно да се стигне до финалето на Купот. Сега мораме да се концентрираме на Серија А, бидејќи се уште не сме си гарантирале пласман во Лигата на шампионите и овој викенд е директната пресметка со Милан“, изјави Алегри.

Финалето за Купот на Италија ќе биде на 15 мај, Јувентус ќе се сретне со победникот од пресметката помеѓу екипите на Фиорентина и Аталанта.

ПретходноТен Хаг не може да поднесе критики: Твојата реакција беше срамна!
СледноАтаман бесен: Нека ме казни Евролига, но сите видовте!