Панатинаикос го загуби првиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата против Макаби по големата драма (87-91). По натпреварот тренерот на грчкиот тим Ергин Атаман беше видливо бесен. На прес-конференцијата истакна дека ќе го напушти тимот доколку не се пласира на Ф4.
„Верувам дека сме многу, многу подобар тим од Макаби и дека тоа не ни е многу важно. Мораме да се вратиме во нашта форма и нашата игра. Сакам да ви кажам дека ветив дека ќе одиме фајнл-фор. Ништо важно не се случи тука. Сега е 1:0 за нив, но ние ќе одиме на Фајнл-фор, ако не се случи тоа јас нема да бидам во Панатинаикос следната година“, рече тој.
Тој по мечот мораше да ги нападне судиите и беше многу лут поради две одлуки кога Вејд Болдвин отиде на линијата за слободни фрлања.
„Два пати смешно досудија по три слободни фрлања за Болдвин. Јас се жалив, но не е фер да дадете фаул на првиот шут за тројка. Му кажав дека го предупредувам и добив теничка. Можеби Евролига ќе ме казни, но сите ги видоа овие чудни одлуки. Тоа беше фактор, а не притисок“, додаде Атаман.