Куп на Србија: Ц. Звезда го “скрши“ Партизан и си закажа финале со Војводина!

294

Во големото српско дерби, во полуфиналето во Купот на Србија, вечерва на “Маракана“ во Белград, домашниот состав на Ц. Звезда успеа со 2:0 да слави над Партизан и со тоа да се пласира во големото финале.

А таму некогашниот европски првак ќе го чека тимот на Војводина, која пак попладнево успеа како гостин да го победи Раднички Крагуевац со 0:1.

Црвено – белите“ вечерва во вечното дерби беа подобар противник, ако искористија барем дел од шансите, секако дека Партизан ќе доживееше дебакл, но голманот Јовановиќ правеше чуда на својот гол.

Инаку головите беа дело на Олајинка, кој во 27. и 29.минута успеа во два наврати да ја затресе мрежата на лутиот ривал и со тоа на својот тим да му донесе голема победа.

ПретходноПретседателот на Ла Лига кажа дека е фан на Реал Мадрид, кажа и дека во иднина мечеви од оваа лига ќе се играат во САД!
СледноПо два гола на Дембеле и Мбапе, ПСЖ го згази Лориен! (ВИДЕО)