Неверојатно: Мбапе се откажува од 130 милиони евра само за да го напушти ПСЖ!

2390

Се чини дека и дефинитивно е јасно дека Килијан Мбапе, веројатно во моментов најдобриот фудбалер во светот, ги игра последните мечеви во дресот на ПСЖ. Исто така јасно е дека по завршување на сезоната тој ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу“, во тимот на Реал Мадрид.

Се чека само погодден момент за да се објави и официјално.

Инаку медиумите во Шпанија денеска известуваат дека Мбапе се откажува од 130 милиони евра само за да го напушти тимот од Париз. Оваа сума е збир од бонусот за лојалност кој тој го зема од ПСЖ како и дел од платата за 2024 година.

ПретходноКобајаши леташе 291 метри! Урнат светскиот рекорд во скијачки скокови! (ВИДЕО)
СледноПретседателот на Ла Лига кажа дека е фан на Реал Мадрид, кажа и дека во иднина мечеви од оваа лига ќе се играат во САД!