Полицијата за огласи за хаосот кој го направија браќата на Јокиќ

12378

Никола Јокиќ доминира на НБА паркетот, додека неговите браќа Страхиња и Немања прават хаос на трибините. Денвер по голем пресврт ги победи Лејкерси во вториот меч од плејоф серијата, а за тоа време Страхиња Јокиќ удри навивач на трибините, а сето тоа го забележаа камерите.

НБА започна истрага, а сега се огласи и полицијата на Денвер. Според информациите на порталот „ТМЗ“ и тие започнале истрага за инцидентот.

„Се уште никој не поднел тужба, ниту жртвата се јавила. Полицијата ги повикува сведоците и удреното да излезе“, се наведува во текстот.

Јасно е дека поради сето ова, пред третиот меч од серијата, новинарите повеќе ќе го прашуваат Никола за инцидентот отколку за самата игра. Што се однесува до неговите браќа, се чека одлука за евентуална казна. Некои навивачи бараат да им се забрани влез во салата.

ПретходноЛука Дончиќ „танцуваше“ во ЛА , Далас направи брејк (ВИДЕО)
Следно„Марка“ ги растажи фановите на Динамо Загреб!