Тебас вели не е потребно гол-технологија во шпанскиот фудбал: Не се исплати…

403

Претседателот на шпанската фудбалка лига, Хавиер Тебас објасни зошто на Ла Лига не и е потребна гол-технологија. Многу прашина се крена поради моментот од „Ел Класико“ кога по шутот на Јамал голманот Лунин одбрани, но прашањето е дали топката ја минала или не гол-линијата. Судијата се обиде преку ВАР да процени дали имало гол, на крајот одлучи да не го признае погодокот. Во Шпанија нема гол-технологија за да ги регистрира овие моменти, а според Тебас не е ни потребно.
Тоа не е совршена технологија и тоа е првата причина. Но, не е само тоа. Во текот на сезоната, фантомски голови се случуваат три или четири пати, а ако се додаде дека системот не е совршен, трошоците за негово користење се многу високи: треба да инвестирате 5-6 милиони долари за да го користите еднаш, иако резултатот може да е сомнителен“, рече Хавиер Тебас.

ПретходноПознати се саатниците за натпреварите на ЕП – Македонија два пати од 20:30 часот
СледноБастони: За Интер би се фрлил и во оган