Вардар го совлада ФМП и избори опстанок во Првата лига

193

Кошаркарите на Вардар го обезбедија опстанокот во елитното кошаркарско друштво на Македонија по триумфот над ФМП Академија со 85-72 во петтото коло од плеј-аутот. Првото полувреме беше неизвесно и заврши во корист на „вардарци“ (41-42). А во третиот период „црвено-црните“ ја направија клучната разлика која им донесе триумф на крајот.

Кај Вардар, Амар Хот заврши со дабл-дабл ефект изразен со 24.поени и 17.скока, Фуџет кој нна 21.поен додаде и девет асистенции и пет скока, Кејс кој имаше 15.поени и девет скока, и Атанасов заврши со 13.поени.

Во екипата на ФМП која со овој пораз се прости од играњето во Првата лига (секако има уште едне меч во оваа конкуренција овој викенд), Петровски постигна 19.поениу, Сантана имаше двоен скор од 12.поени и 11.скока, додека по 12. поени додадоа Ѓурашевиќ и Димитровиќ.

ТАБЕЛА: Кожув 36, Вардар 34, Навико Академија ФМП 33, Охрид 32;

ИДНО КОЛО, ПОСЛЕДНО (27/28.АПРИЛ)
Вардар – Охрид
Кожув – Навико Академија ФМП

ПретходноБаерн плаќа 3 милиони за Рангник и му нуди договор до 2027 година!
СледноМарио Гомез: Можев да играм за Атлетико, но ги одбив поради една причина