„Граѓаните“ го прегазиja Брајтон и им дишат во врат на „топчиите“

204

Фудбалерите на Манчестер Сити забележаа висока победа од 4:0 против Брајтон во 29.коло на Премиер лигата. Неочекувано лесно четата на Пеп Гвардиола мина во Брајтон, а уште во првото полувреме направија предност која домаќините не можеа да ја стигнат.
Во 17 минута на нафрлување на Вокер, белгискиот интернационалец Де Брујне со глава постигнува гол. Во 26 минута Фил Фоден изведе слободен удар, топката закачи некој играч на Брајтон и заврши во мрежата. Осум минути подоцна беше 3:0 за Сити. Играчите на Брајтон комбинираа пред својот гол, ја изгубија топката, а Фоден со шут по земја го совлада голманот на Брајтон.
Во второто полувреме во листата на стрелци се запиша и Хулиан Алварез за конечни 4:0.
Сити е втор на табелата со само бод помалку од првопласираниот Арсенал, но и меч помалку. Од друга страна Брајон е на 11. место со 44 бодови.

ПретходноЕвролига: Панатинаикос му врати на Макаби, Реал поведе со 2-0 против Басконија
СледноЛеброн ќе ги памети Јокиќ и Денвер, првакот со уникатно остварување (ВИДЕО)