„Да не беше Морати, во Кина можеби немаше да знаат за Интер“

322

Неколку дена по освојувањето на 20. Скудето во историјата на Интер, претседателот на клубот Стивен Жанг зборуваше на различни теми поврзани со клубот.
Продолжување на договорите со играчите? Не би требало да има проблеми со обновување на договорите на играчите. Тоа нема да се случи веднаш, туку ќе биде во форма на процес.

Проектот за нов стадион? Во Италија проблемот со фудбалската инфраструктура е комплексен и постои ризик проектот да се одолговлекува.

Документарец за скудетото? Да, ние дефинитивно ќе направиме еден. Можеби тоа ќе биде во форма на поединечни видеа и зачувани снимки, а не како наратив. Му се јавив на Масимо Морати да му се заблагодарам. Веројатно без него, ние, кинеските навивачи немаше да чуеме за Интер. Како дете имав слушнато за Интер, Јувентус и Милан. Да не беше тој и неговиот татко, можеби ние, кинеските навивачи немаше да знаеме кој е клубот. Денес јас сум тој што ја ставам втората ѕвезда, но без трофеите што ги освои претходно, немаше да го постигнам тоа што го направив сега.

Играчите и јас сме блиски по години (има 32 години). Многу луѓе во Италија мислеа дека сум дете кога стигнав на 24-годишна возраст. Го гледам тоа во очите на луѓето кои се прашуваат: „Ова е претседателот на Интер?

Мислам дека играчите на Интер се најдобри. Тие се најтешките луѓе кои се враќаат дома после тренинг и внимаваат на храната и на своите семејства. Колку се поголеми ѕвезди, толку повеќе внимание посветуваат на своите лични аспекти.

Кинески фудбалер во Интер? Не, засега нема фудбалер кој би можел да одговори на предизвикот. Сум помислил на тоа, но засега тоа не е можно. Приоритет ни е да имаме екипа која ќе може да одговори на поставените цели“.

Хавиер Занети (потпретседател)? Тој е пример за сите и има многу професионален однос. Никогаш не пие алкохол и има самодисциплина. Сите во клубот се разбираат еден со друг“, рече Џанг во разговор со кинескиот коментатор Лиу Тенг на TikTok.

ПретходноРома победи со гол во 95 минута, сега е на -4 од Болоња
СледноКанаѓаните добија „корпа“ од Мурињо и од Лампард, сега го канат Солскјер