Мајами направи брејк кај Бостон, Оклахома со втора победа (ВИДЕО)

77

Кошаркарите на Мајами израмнија на 1:1 против Бостон во првото коло од плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако синоќа забележаа победа од 111:101. Во тимот на Мајами најефикасен беше Тајлер Хиро со 24 поени со 14 асистенции, а погоди шест тројки од 11 обиди, од вкупно 23 тројки на Мајами, што е рекорд на франшизата во плеј-офот.

За победата придонесоа Бем Адебајо со 21 поен и 10 скока, Калеб Мартин со 21 поен и Хакс со 14 поени.

Во тимот на Бостон Џејлен Браун постигна 33 поени со осум скока, а Џејсон Тејтум имаше 28 поени и осум скока.

Кошаркарите на Оклахома поведоа со 2:0 против Њу Орлеанс во првото коло од плејофот за Западната конференција, откако утрово победија со 124:92. Оклахома ја предводеше Шеј Гилџес-Александер со 33 поени, а Чет Холмгрен додаде 26 поени и седум скока.

Во тимот од Њу Орлеанс, Јонас Валанчиунас постигна 19 поени со седум скока, а Херб Џонс и Брендон Инграм имаа по 18 поени. Најдобриот стрелец на Пеликанс, Зајон Вилијамсон повторно недостасуваше во тимот поради проблем со тетивата.

ПретходноПресврт: Чави се договорил со Лапорта, останува на клупата на Барса и следната сезона!
СледноКога влегувате во Леверкузен: Добредојдовте во градот на Алонсо! (ФОТО)