Отстранети сите дилеми – Порто го продолжи договорот со тренерот

105

Порто објави дека го продолжил договорор со тренерот Сержо Консеисао со што е ставен крај на дилемите околу иднината на португалскиот стратег. Само неколку денови пред клупските избори, претседателот Пинто да Коста ја потврди веста и дека новиот договор е потпишан со 2028 година.

Претходно се пишуваше дека Консеисао во договорот имал клаузула според која ќе си замине доколку Да Коста не победи на изборите, но сега со продолжување на договорот тоа е отстрането, па тренерот ќе продолжи да работи без разлика на исходот од изборите.

Порто со Консеисао освои три шампионски титули, три Купови на Португалија, еден Лига куп и три Суперкупови на Португалија. Беше поврзуван и со Милан.

Што се однесува до клупските избори, тие ќе се одржат во сабота, а противкандидати на Да Коста се Андре Вијас Боаш и Нуно Лобо.

ПретходноМарио Гомез: Можев да играм за Атлетико, но ги одбив поради една причина
СледноРома победи со гол во 95 минута, сега е на -4 од Болоња