Судиска анализа: Шампионот оштетен за пенал во Ѓорче!

798

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П -Фк.Струга Трим Лум одигран на 21.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Даниел Василевски и Драган Слаѓан Марковски.

29 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:1)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на домашната екипа неспретно реагира, ја удри топката со рака која притоа му беше широко одвоена од телото и во неприродна положба и со тоа ја спречи акцијата.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситауција главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа поради недозволена игра со рака (широко одвоена од тело и зголемен волумен на раката) на играч на домашната екипа.

На натпреварот  Фк.Силекс-Фк.Шкупи одигран на 21.04.2024 година, анализирани се ситуациите 31,32,41 и 74 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

31 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудено офсајд позиција и поништен гол за домашната екипа, при резултат 0:0)

По центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до домашен играч кој упати удар кон голот на гостите и постигна гол, меѓутоа во момент на шутот негов соиграч (кој се наѓаше во офсајд позиција) стоеше пред гостинскиот голман и му сметаше во неговото видно поле.

Исправна одлука на вториот помошен судија , сигнализирано офсајд позиција за играчот на домакините и голот е поништен, бидејки во момент на упатување на удар и постигнување на гол на негов соиграч, играчот се наоѓаше пред гостинскиот голман и му сметаше на неговото видно поле и со тоа неможеше да реагира на шутот.

32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домакините беше во посед на топка, си даде долг фор во 16-сетникот на гостите и во моментот кога сакаше да игра со топката, дојде до контакт рамо со рамо (ремплање ) со противнички играч , по што играчот на домакините падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки дуелот помеѓу двата играча беше регуларен и без прекршок, односно контактот помеѓу играчите беше рамо со рамо (ремплање).

41 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч ,кој ја удри топката со глава и таа удри во раката на противнички играч (која му беше спуштена долу и во природна положба, без зголемен волумен на раката од телотo.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката кога го удри гостинскиот играч во раката се наоѓаше во природна положба (спуштена долу, близу телото и немаше зголемен волумен од телото)

74 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За досудено офсајд позиција и поништен гол за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа центрираше во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол со глава, но во момент на упатување на топката кон голот, негов друг соиграч се наоѓаше во недозволена офсајд позиција и во видното поле на голманот, притоа направи движење со телото.

Исправна одлука на вториот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција за играчот на гостите, голот е поништен, бидејки во момент на упатување на удар и постигнување на гол на негов соиграч, играчот на гостите се наоѓаше пред голманот и му сметаше на неговото видно поле.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 Судиска анализа за 25 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 25 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот Фк. Саса– Фк. Новаци одигран на 20.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 15 минута.

Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Петар Новачев и Робер Црвенов.

15 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостинската екипа, кога сакаше да помине противнички играч, гостинскиот играч направи минимален контакт со ногата над ногатана играчот на домикините, по кој контакт играчот падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на гостинскиот играч над противничкиот играч беше минимален и недоволен за пенал.

На натпреварот Фк.Победа -Фк.Караорман одигран на 20.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 67 минута.

Главен судија: Бењамин Керими. Помошни судии: Александар Николовски и Филип Николов.

67 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и поништен гол,при резултат 0:1)

Играч на гостинската екипа во 16-сетникот на домакините упати удар кон голот на домашните, голманот кратко ја одби топката, таа дојде до друг играч на гостинската екипа кој постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција и што го поништи голот, бидејки во момент на удар кон голот на домакините, играчот што постигна гол се наогаше во дозволена позиција (пред претпоследниот играч од одбраната на домашните)

 На натпреварот Фк. Вардар Неготино – Фк. Башкими одигран на 20.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 28 минута.

Главен судија: Марјан Стојановски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Дарко Василевски.

28 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол,при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа центрираше топка во 16–сетникот на гостинската екипа, при центаршутот двајца играчи на домашната екипа се наоѓаа во офсајд позиција (не влијаеа на играта), меѓутоа топката дојде до друг играч на домакините кој влезе од втор план и се наоѓаше во дозволена позиција (пред претпоследниот играч од одбраната на гостите) и постигна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција и што го поништи голот, бидејки играчот на домакините што го постигна голот, во момент на центаршутот се наоѓаше во дозволена позиција (пред претпоследниот играч на гостите)

 

 На натпреварот Фк. Пелистер – Фк. Охрид одигран на 20.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 49 и 62 минута.

Главен судија: Фуркан Идризи. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.

49 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостите центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа (на втората статива) , во тој момент играч на домакините направи минимален контакт (со рака на тело) на противнички играч, по што играчот на гостите падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за пенал,поточно немаше повлекување со интензитет за да се досуди пенал.

 62 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа кратко ја врати топката во својот 16-сетник кон својот голман (кој излезе на топката), противнички играч прв стигна до топката, го помина голманот и потоа голманот со рака ја изби топката но отпосле направи недозволен закаснет старт на ногата на противникот, спречувајки го во очигледна шанса за гол.

Исправна проценка на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен (закаснет) старт (со рака на ногата на противникот) на голманот на гостите, спречувајки очигледна шанса за гол. Исправно доделен втор жолт –црвен картон за гостинскиот голман.

 На натпреварот Фк. Кожуф – Фк. Осогово одигран на 20.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 76 минута.

Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Борис Трајков и Давор Дишлиевски.

76 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За признаен гол за домашната екипа, топката со целиот обем ја помина гол линијата, при резултат 1:0).

Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до играч на домакините кој упати удар кон голот на гостите, упатената топка со целиот свој обем (воздушно) ја помина гол линијта и гостинскиот голман кој со цело тело и со раце беше позади гол линијата ја изби топката во поле.

Исправна одлука на вториот помошен судија што го призна голот, притоа и одлична соработка со главниот судија , бидејки топката со целиот обем ја помина гол линијата.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

ПретходноУкраинската федерација истражува сомнителен меч меѓу Минаи и Динамо (К)
СледноМакрон потврди: На ЛОИ во Париз ќе се плива во реката Сена