Челзи ќе мора без Енцо Фернандез до крајот на сезоната!

117

Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, играчот за врска на Челзи, Енцо Фернандез ја заврши сезоната. Тој мора да оди на операција на препоните и затоа Маурицио Покетино не ќе може да смета на Аргентинецот.

Енцо веќе подолго време имаше проблеми и болки, но сепак и таков играше за Челзи, но сега било крајно време да се санира таа повреда се со цел да биде максимално подготвен за Копа Америка која почнува на 20 јуни.

Аргентинецот во Челзи дојде во јануари 2023 за 121 милиони евра, но неговите настапи не ги оправдаа очекувањата на фановите.

ПретходноСамо во Колумбија: Од трибините фрлија нож во грбот на противнички фудбалер (ВИДЕО)
СледноДон Карло: За Чави најдобро е што ќе остане во Барса!