Леброн ќе ги памети Јокиќ и Денвер, првакот со уникатно остварување (ВИДЕО)

3153

Никола Јокиќ го предводеше актуелниот шампион во НБА, Денвер Нагетс до победа од 112-105 на гостувањето кај ЛА Лејкерс за водство од 3-0 во првата рунда плеј-оф серијата на Западот. Нагетс на Јокиќ со тоа станаа првата екипа која му нанела десет порази во низа на Леброн.

Серијата се пресели во ЛА, но ништо не се смени. На Лејкерси повторно им се заканува метла од Нагетс Ова е 11-ти последователен пораз на Лејкерси од Денвер.

Јокиќ повторно блескаше против Леброн со 24 поени (9/13 од поле), 15 скока и 9 асистенции. Освен Јокиќ, одличен беше и Арон Гордон со личен рекорд по број на поени (29) и скокови (15) во плеј-офот. Мајкл Портер постигна 20 со 10 скока. Џамал ​​Мареј постигна 22 поени и му недостигаше на само една асистенција за да се најде во оваа голема група на Нагетс кои имаа дабл-дабл со најмалку 20 поени против Лејкерси.

Лејкерси класично ги предводеа Ентони Дејвис со 33 поени и 15 скока и Леброн Џејмс со 26 поени и 9 асистенции.

На останатите средби Орландо го совлада Кливленд со 121-83 и поведе со 2-1 вос еријата, Филаделфија беше убедлива против Њујорк со 125-114 за 2-1.

Претходно„Граѓаните“ го прегазиja Брајтон и им дишат во врат на „топчиите“
СледноУжасен потег на Ембид: Во немоќ се обиде да го повреди противникот (ВИДЕО)