Ливерпул и Феенорд се договорија: Арне Слот е наследникот на Клоп!

247

Како што вечерва пишуваат медиумите на Островот, а тоа го потврди и фамозниот Фабрицио Романо, Ливерпул и дефинитивно го договори новиот тренер. Тоа е Арне Слот (45) сегашниот стратег на Феенорд, токму тој ќе биде наследникот на Јирген Клоп.

Инаку уште пред неколку дена Слот се договори со “Редси“, остана само да дојде до договор меѓу Феенорд и Ливерпул, а тоа и се случило. Гигантот од Островот ќе му исплати на Феенорд 13-15 милиони евра.

Значи по ерата на Клоп, од јуни стартува ерата на Арне Слот како тренер на Ливерпул.

ПретходноЃулер му донесе победа на Реал Мадрид! (ВИДЕО)
СледноБарса го победи Олимпијакос и израмни во четвртфиналната серија!