Ужасен потег на Ембид: Во немоќ се обиде да го повреди противникот (ВИДЕО)

309

Филаделфија го победи Њујорк Никс со 125:114 и ја намали негативата на 1:2 во серијата од првото коло од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата. Најзаслужен за славјето на 76-те беше Џоел Ембид, но и во текот на натпреварот се истакна со неспортски потег.

Актуелниот МВП на лигата на третиот натпревар против Никс постигна дури 50 поени и имаше осум скока. Во првиот застана на 29, а во вториот на 34. Сепак, она што се зборува по средбата, го направи при една одбранбена акција.

Ембид се обиде да изнуди прекршок на противникот во нападот и падна на подот под кошот. Во продолжението на акцијата, Робинсон се обиде да дојде до офанзивен скок, а во тој момент Ембид ги завитка рацете околу неговите нозе. Робинсон падна. Следуваше гужва на теренот, при што Ембид се втурна во лицето на Робинсон и му порача: Што ќе направиш!?

ПретходноЛеброн ќе ги памети Јокиќ и Денвер, првакот со уникатно остварување (ВИДЕО)
СледноБојан Миовски е избран за фудбалер на сезоната на Абердин!