ПСЖ не успеа уште вечерва да ја прослави шампионската титула во Лига 1, а за тоа виновен е Ле Авр, кој успеа да одигра 3-3 против „светците“. Избраниците на Луис Енрике титулата ќе можат да ја слават веќе утре, за тоа ќе биде потребен пораз на Монако против Лион.
ПСЖ излезе на теренот во комбиниран тим, а најголемата ѕвезда на клубот Килијан Мбапе се појави дури во вториот дел, кога влезе од клупата. Херојскиот португалски напаѓач Рамос му донесе бод на ПСЖ во 95. минута. Инаку „светците“ до 78. минута губеа со 3-1.
Тимот на Луис Енрике има 12 бода предност пред Монако и сигурно оди кон уште една шампионска титула. ПСЖ го има првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите на 1 мај – на гостувањето кај Борусија Дортмунд.