Јокиќ со трипл дабл, но Денвер го загуби дуелот со Лејкерс

1965

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс избегнаа елиминација и ги одржаа шансите за пласман во четвртфиналето од плеј-офот на Западната конференција. Лејкерс намалија на 3-1 во дуелите со Денвер Нагетс затоа што во четвртиот меч славеа со 119:108.

Најзаслужен за победата на Лејкерс беше Леброн Џејмс кој постигна 30 поени, а помош имаше и од Антони Дејвис кој постигна 25 поени и оствари 23 скока.
Во редовите на Денвер маестрален настап имаше Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл од 33 поени, 14 скокови и 14 асистенции.

На другите натпревари Оклахома Сити поведе со 3-0 во серијата против Њу Орлеанс откако го совлада со 106:85. Бостон поведе со 2-1 благодарение на победата во Мајами со 104:84, додека Орландо изедначи на 2-2 против Кливленд со победата на домашен терен со 112:89.

ПретходноТимот кој се бори за опстанок ја одложи шампионската прослава на ПСЖ
СледноАндре Вијас Боаш е нов претседател на Порто: Клубот повторно е слободен!