Тимот кој се бори за опстанок ја одложи шампионската прослава на ПСЖ

415

ПСЖ не успеа уште вечерва да ја прослави шампионската титула во Лига 1, а за тоа виновен е Ле Авр, кој успеа да одигра 3-3 против „светците“. Избраниците на Луис Енрике титулата ќе можат да ја слават веќе утре, за тоа ќе биде потребен пораз на Монако против Лион.

ПСЖ излезе на теренот во комбиниран тим, а најголемата ѕвезда на клубот Килијан Мбапе се појави дури во вториот дел, кога влезе од клупата. Херојскиот португалски напаѓач Рамос му донесе бод на ПСЖ во 95. минута. Инаку „светците“ до 78. минута губеа со 3-1.

Тимот на Луис Енрике има 12 бода предност пред Монако и сигурно оди кон уште една шампионска титула. ПСЖ го има првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите на 1 мај – на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

ПретходноЧелзи се врати од -2, му поништија гол за победа длабоко во судиското надополнување
СледноЈокиќ со трипл дабл, но Денвер го загуби дуелот со Лејкерс