Комплетна полуфинална фешта на „Кале“

115

Во СЦ „Кале“ денеска ќе стартува полуфиналната битка во плеј-офот, ја отвараат Работнички и Пелистер, мечот е закажан во 18 часот. И двете екипи експресно, во само три натпревари, ја завршија работата во четвртфиналето, па имаа доволно време за одмор и подготовка.

Со оглед на подобриот ранкинг по истекот на регуларниот дел, „црвено-белите“ ја имаа почетна предност која носи играњето на домашен терен во две од максимални три натпревари кои ги нуди системот „подобар во пет натпревари“.

Според најавите во „Кале“ ќе биде вистински празник на кошарката, покрај „Сити Парк Бојс“ на другата страна се очекува да пристигнат „Чкембари“, кои се мобилизраа пред оваа средба, сакаат во Битола да се слави и титулата во кошарка.

Втората полуфинална пресметка е одложена поради обврските на МЗТ Скопје во АБА2-лига, првиот меч се игра во вторник. Бранителот на титулата за противник го има составот на ТФТ.

ПретходноПСЖ за 55 милиони купува фудбалер кој дал само еден гол!?
СледноГотово е: Обрадовиќ уште две години во Партизан!