Минесота пред пласман во 1/4 финале, контроверзен танц на Едвардс

449

Екипата на Минесота го совлада Феникс Санс со 126:109 и поведе со 3:0 во серијата и сега ги дели уште една победа за пласман во четвртфиналето на плеј-офот во НБА лигата.
Фантастична вечер имаше Ентони Едвардс кој го предводеше својот тим до триумф, а тој постигна 36 поени имаше и пет асистенции и две украдени топки. Само 18 поени постигна во последната четвртина.
Но Едвардс го сврте вниманието со контроверзниот танц по натпреварот. За многумина неговиот потег е непристоен, невкусен и омаложување на противникот. За други е забавен… На крајот Дисциплинците ќе се позанимаваат со случајот и ќе ги утврдат причините за неговата постапка.

 

А Лука Дончич со дабл-дабл ефект беше најдобар во победата на Далас против Л.А. Клиперс од 101:90. Далас поведе со 2-1 во серијата против Клиперси, а Лука го заврши мечот со 22 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Кајри Ирвинг имаше 21 поен, 4 асистенции и 6 скокови. На другата страна Џејмс Харден и Ник Пауел се истакнаа со 21 поен.

ПретходноБарса го победи Олимпијакос и израмни во четвртфиналната серија!
СледноЛестер се врати во Премиер лигата