Овој Леверкузен е чудо, во 90+7.минута пак се спаси од пораз! (ВИДЕО)

294

Неверојатен, чудесен, фантастичен е овој Леверкузен, новиот шампион на Германија. Вечерва на „Бај Арената“ одигра 2:2 против Штутгард. Интересно, губеше со 0:2, па со 1:2 до таа 90+7.минута и кога сите помислија, еве конечно падна и тој Леверкузен, Андрих израмни и не дозволи да се случи првиот пораз на тимот на Чаби Алонсо во 31 меч во Бундеслигата или вкупно 46 во сите натпревари оваа сезона.

Фухрих и Ундав донесоа 0:2 за “Швабите“ а Адли успеа да намали на 1:2, рековме веќе, Андрих стрелаше за еуфорија и лудница на “Бај Арената“.

ПретходноМЗТ Скопје поразен од Спартак во прво полуфинале!
СледноПеп и Сити со 120 милиони евра тргнуваат по Рафа Леао!