Стефан Ристовски „спаси“ дете од рацете на обезбедувањето (ВИДЕО)

25284

Динамо со многу мака го совлада Вараждин со 1:0, а по овој натпревар се случи интересна сцена во која учествуваше и поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски.

По мечот на теренот се случи интересна сцена. Едно момче втрча да се фотографира со играчите на Динамо, но беше спречено од обезбедувањето кое се обиде да исфрли од теренот.

Сето тоа виде Ристовски, притрча и го зеде детето и го однесе да се фотографира со играчите на Динамо.

Публиката на стадионот будно ја следеше оваа ситуација и му даде громогласен аплауз за фудбалерот на Динамо Загреб.

Момчето потоа доби одлични спомени кои ќе ги памети засекогаш, а Ристовски покажа дека е навистина феноменален човек.

ПретходноФијаско на Работнички, Пелистер демонстрираше сила среде Скопје
СледноЈувентус и Милан ремизираа без голови