Фијаско на Работнички, Пелистер демонстрираше сила среде Скопје

270

На првата полуфинална пресметка во плеј-офот меѓу Работнички и Пелистер не видовме неизвесност, за ова се погрижија битолчани кои одиграа одличен натпревар и поведоа со 1-0 во серијата. Избраниците на Дарко Радуловиќ од Скопје си заминуваат со убедлива победа од 63-86.

Битолчани отворија со 0-5, нешто подоцна поведоа со плус шест (7-13), најголема предност која ја имаа во првата четвртина (18-26). Избраниците на Горан Самарџиев не успеаја да приредат пресврт во следниот период, беа на два поени негатива (29-31), но на другата страна противникот секогаш имаше решение за сите нападит. Поведе со 29-37, додека на одморот беше 35-41.

Ништо не се промени после паузата, Пелистер заигра во силен ритам, во 28 минута имаше позитива од 42-64, постигна 24 поени, а прими само седум. На стартот на последната четвртина Работнички влезе со негатива од 22 поени (47-67).

Кај Пелистер, Планиниќ имаше 16 поени, два поени помалку имаше Маслинко, додека 14 запиша Мијатовиќ. Во редовите на Работнички, Рикиќ имаше 16 поени и 7 скока.

ПретходноГРК Тиквеш го реши Бутел во второто полувреме!
СледноСтефан Ристовски „спаси“ дете од рацете на обезбедувањето (ВИДЕО)