ГРК Тиквеш го реши Бутел во второто полувреме!

50

ГРК Тиквеш ја запиша шестата победа во плеј-офот, откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 28-23. Гостите се држеа добро во првото полувреме во кое имаа негатива само од еден гола (13-12), но потоа го загубија чекорот.

Избраниците на Горан Кузманоски водеа со 5-7, 7-9 и 9-11. Пред одморот кавадарчани најдоа начин да се вратат, по последните минус два 10-12 направија серија од 4-0 и на стартот на вториот дел поведоа со 14-12. По ова следеше мала неизвесност, по што ГРК Тиквеш со пет гола во низа поведе со 20-14 и до крај не дозволи изненадување.

Мијатовиќ постигна 10 гола кај победникот, додека пак Јефтиќ имаше седум гола на другата страна.

Во рамките на плеј-аут лигата, Пелистер 2 дојде до убедлива победа против Мулти Есенс од 30-21. Хаџич со 10 гола беше најдобар стрелец кај победникот, на другата страна Димевски запиша шест погодоци.

ПретходноВо знакот на 125 години од постоењето: Ова е дресот на Милан за следната сезона! (ФОТО)
СледноФијаско на Работнички, Пелистер демонстрираше сила среде Скопје